Blog

Дигитализација ја остварува идејата на секого

Софтвер и дигитализација

Времето на технологијата и глобализацијата, во денешно време се перцепира само преку призмата на критиката и на негативните реперкусии кои ги носат со сeбе. Насловот на овој блог е суштинска спротивност на тој став поради фактографската состојба која ја гледаме секојдневно.

Дигитализацијата подржана со потенцијалите и капацитетите на интернетот и динамиката на стопанисувањето преку истиот, едноставно подготви терен која изгледа на ,,Арена'' на идеи од секој агол на планетата. Денес не е воопшто непознаница да воочиме успешни примери каде бизнис идеите или иновации од претприемачи, кои не потекнуваат од ,,Силиконската долина'' или технолошките центри на западот. Коњуктурата за пласман и успех на тие идеи всушност е последица на користењето на алатките кои ефикасно ги намалува трошоците и ја подобрува ефикасноста на работењето на компанијата.

Со лаптоп, интернет конекција и добро осмислена идеја, еден претприемач денес може да создаде производ, да понуди услуга, да комуницира со клиенти од друг континент, да изгради бренд и да управува со значаен дел од своето работење без да поседува традиционална деловна инфраструктура.

Но, дигитализацијата не значи само префрлање на хартиените процеси во електронска форма. Нејзината вистинска вредност е во тоа што го менува начинот на кој размислуваме за бизнисот – како го создаваме производот, како доаѓаме до клиентот, како наплаќаме, како управуваме со ресурсите и како растеме.

Денес мал бизнис може да користи алатки кои до неодамна беа достапни само за големите компании: cloud системи, дигитални плаќања, автоматизирано сметководство, вештачка интелигенција, дигитален маркетинг, аналитика и глобални продажни платформи.

Сепак, достапноста на лепезата на можности во различни полиња, не гарантира успех. Самиот факт што постоењето на истите, како и подобрувањето на веќепостоечките или иновирањето на нови и пософистицирани форми на софтверски решенија, го претвора овој сегмент и многу предизвикувачки, каде секој ќе се судри со сериозна конкуретска активност.

Затоа сметаме дека доброто, осмислено и оптимизирано креирање на бизнис, подржано со модерниот начин на стопанисување е добитна комбинација за успех.

Back to blog