Blog

Сметководителот во новото доба

Сметководство

Сметководството повеќе не е професија ограничена на книжење, пресметки и следење на минатите трансакции. Технологијата, вештачката интелигенција и регулаторните промени го менуваат начинот на кој сметководителите работат, но и улогата што ја имаат во современиот бизнис.

Тенденцијата, нашето законодавство да стреми кон хармонизирање со законодавството на Европа, наметнува потреба од менување на правилата и прилагодување со истите, а во тој случај сметководството го сведува не само на сувопарно историско следење на трансакциите и книжење на истите, впрочем го трансформира во професија која перзистентно ќе биде во чекор со промените на сите полиња.

Наплатата за сметководствени услуги на глобалниот пазар покажува крива на раст, од година во година. Глобалниот пазар на сметководствени услуги продолжува да расте. Според Grand View Research, неговата вредност се проценува на 688,2 милијарди американски долари во 2025 година, додека за 2026 година се очекува да достигне околу 740,1 милијарди долари.

До 2033 година, пазарот се очекува да надмине 1,27 трилиони долари, при просечна годишна стапка на раст од 8,1%. Предвидувањата на автоматизирање на процесите преку вештачакта интелгенција, која во денешно време преставува ,,чудото'' за сите професии кога станува збор нејзината употребна вредност, креираат слика за иднината каде оваа професија ќе мора да се прилагодува и унапредува во употреба на AI технологиите.

До 2025 година, 61% од сметководителите активно ја прифаќаат AI технологијата како стратешка можност, додека се проценува дека 77% од рутинските сметководствени задачи можат да бидат автоматизирани.Тоа ќе создаде од сметководителите нова форма на професија, не само обработувачи на податоци, ами стратешки бизнис советници кои ќе бидат мошне витални за финансиското здравје на компаниите.

Од сметководителите сè повеќе се очекува да:

  • ги интерпретираат информациите генерирани од AI;
  • идентификуваат можности за даночна оптимизација;
  • им помагаат на клиентите при донесување финансиски одлуки;
  • анализираат финансиски ризици;
  • обезбедуваат стратешки и деловни совети.

На глобално ниво, голем дел од компаниите веќе користат услуги од трети страни или специјализирани софтверски решенија за најмалку една сметководствена функција, како што се:

  • пресметка и обработка на плати;
  • даночна усогласеност;
  • управување со фактури;
  • книговодство;
  • финансиско известување;
  • административни финансиски процеси.

Во блиска иднина, компаниите ќе мораат да дадат приоритет на автоматизацијата каде што е можно, но истовремено и да инвестираат во обука на вработените.

Особено важно ќе биде младите и помладите сметководители да се обучуваат во областите на: дигитална и регулаторна усогласеност, даночно законодавство, користење AI-автоматизирани алатки, анализа на финансиски податоци, комуникација и советување на клиенти.

Иднината на сметководството нема да биде само во тоа кој најдобро ги книжи податоците, туку кој најдобро ги разбира, анализира и претвора во деловни одлуки.

Back to blog