Blog

Социјални мрежи

Маркетинг и пазар

Неверојатен е процентот на присутност и позиционирање на бизнисте во денешно време. Динамиката на користењето на социјалните мрежи за подобрување на перформансите и користењето на маркетинг моментот преку истите е незапирлива и немерлива. Проценките се некаде околу 70% од глобалниот бизнис се пројавува на некој од поголемите плаформи на интернет конекциите. Со самата појава на социјалните мрежи, големите економски умови предвидуваа ваква екпсанзија на различен вид на конекција со клиентите, како и поврзување и добивање повратни информации врз кои ќе се градат нови стратегии и чекори. Тука ќе наброиме само некои од придобивките кои социјланите мрежи ги пружаат во денешно време. Ефектот на препознатливост - огромниот број на учесници на социјланите мрежи, времето кое се троши на истите е момент кој бизнис треба да го искористи, со нагласена важност за старт-апите и новотворените бизниси. Добриот и досетлив маркетинг на социјалните мрежи го гледа овој ефект како една од главните цели. Директен контакт - овзоможување директен спој со преференциите и вкусовите на клиентите. Нивните реакции, заинтересираност, посетеност, од сите тие информации можеме да извлечеме заклучоци се со цел подобрување на понудата. Градење доверба - активностите и професиналноста во позиција на бренд и доследноста на истиот креира доверба помеѓу купувачите. Тоа е само еден од начините како една компанија се претвора во бренд, а незаменлив ресурс се социјалните мрежи за таа намена. Оптимално постирање, етаблирање и комуницирање со клиентите ја градат таа доверба. Препознавање на таргетот - денешните социјални мрежи се до таа мера софистицирани и оптимизирани да ние можеме на наш типичен начин да ја таргетираме публиката за која сметаме дека продуктите би биле најадекватни. Преку филтирирање на преференции, пребарувањата, користење на алатките и рекламирањето на социјалните мрежи, ние продираме многу полесно кон бараниот консумент. Лесен влез и излез - Една од најважните полуги на битисувањто на социјалните мрежи е малиот ,,данок'' кој тие го земаат од бизнисите. Тие се евтини, не заземаат голем удел од буџетот на фирмата, а со нив може да се постигне голем левериџ. Тој левериџ, со помош на BI анализите, многу лесно може да се следи. Баш таа информација ни дава нас директна информација колку нашиот маркетинг на социјалните мрежи бил ефикасен и што треба да поправиме. Постојат секако, уште многу придобивки од маркетингот на социјалните мрежи, но зголемувањето на продажбата е главната цел, а таа цел се постигнува преку квалитетен и професионален пристап.

Back to blog